Правила

Правила за користење на апликацијата

1. Корисниците на апликацијата превземаат целосна одговорност за точноста на своите лични податоци. Наумоски ФИТ не одговара при настаната штета по здравјето на клиентите доколку клиентот не бил транспарентен во однос на точноста на податоците кои се потребни за изготвување на персонализиран план за исхрана и/или тренинг.

2. Уплатата на чланарината на www.naumoski.fit може да се изврши по електронски пат со плаќање на виртуелниот пост терминал со кредитна/дебитна картчика(Visa, MasterCard, Diners) или со уплата на жиро-сметката на Наумоски ФИТ ДООЕЛ со претходно изготвена фактура.

3. Наумоски ФИТ е должен да ви ја изготви потребната програма во период од 72 часа од моментот кога вие ќе извршите уплата и ги комплетирате податоците на вашиот профил. Во спротивно Наумоски ФИТ е должен да ви го продолжи времетраењето на чланарината за толку време за колку ќе биде закаснато со изготвувањето на вашата програма. Доколку клиентот не ги пополни потребните информации во неговиот профил за изготвување на избраниот план за исхрана и/или тренинг во наредните 10 дена од моментот на уплата, Наумоски ФИТ не е должен да ви креира план за исхрана/тренинг и профилот ќе биде избришан од базата на податоци.

4. Плановите за тренинг и исхрана изготвени од Наумоски ФИТ се во времетраење од 30 дена. По истекот на 30 дена потребна е повторна уплата за да се продолжи пристапот до апликацијата. Доколку уплатата не е извршена во наредните 5 работни дена по истекот на чланарината, профилите трајно се бришат од базата на податоци на Наумоски ФИТ.

5. Клиентите се должни да ги прочитаaт "правата на користење" и "најчесто поставувани прашања" пред да бараат објаснување на Live Chat. По уплатата на клиентите им се дозволени по максимум 2 сесии од по 15 минути неделно за консултации во живо со Бобан Наумоски при претходно договорен термин и платформа каде ќе се оствари контактот(Skype, Viber, Whats Up, регуларен аудио повик).

6. Клиентите се должни за редовно ажурирање на личните мерки и додавање на слики за споредба на Наумоски ФИТ како вашиот тренер би имал доволно информации за да може да го следи вашиот напредок и да интервенира кога има потреба од тоа. До сликите пристап има само вашиот тренер и истите не смеат да се користат за никакви цели се додека не се добие ваша писмена согласност.

7. Рецептите и тренинзите се за индивидуална употреба. Секој вид на злоупотреба и/или ширење на податоците од програмите на www.naumoski.fit ќе бидат предмет на кривично гонење за кое надлежен е Основниот Суд Охрид.

8. Апликацијата и изготвувањето на програмите за тренинг и исхрана се наменети за сите здрави лица. Доколку имате некое хронично заболување консултирајте се со вашиот лекар пред да уплатите за нашите услуги бидејќи Наумоски ФИТ не одговара за штетата настаната по здравјето на клиентите со претходни коморбидитети.

9. Наумоски ФИТ се оградува од секоја штета направена по здравјето на клиентите доколку истите користат недозволени наркотични средства и/или стероиди вклучувајќи и стимуланси(голема доза на кофеин, топачи на масти, Pre-workout суплементи и сл.) кои можат негативно да влијаат по здравјето на корисникот.

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

NAUMOSKI FIT ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Секоја промена на Политиките ќе биде објавена на интернет страницата на NAUMOSKI FIT.

Политиките за користење на системот за електронска трговија, ќе се објават на интернет страницата на NAUMOSKI FIT, www.naumoski.fit

Политика на приватност

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој NAUMOSKI FIT ги собира, користи и обработува податоците собрани од поситителите на нашата интернет страна

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страната www.naumoski.fit, ние ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање/најава на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги.

NAUMOSKI FIT ги обработува Вашите лични податоци со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка при користење на интернет страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци NAUMOSKI FIT ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страната од корисниците, NAUMOSKI FIT може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната.

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата NAUMOSKI FIT го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

NAUMOSKI FIT има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: naumoski.fit@gmail.com

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.