FAQ

Најчесто поставувани прашања

1. Како да ја мерам храната во програмата за исхрана?
Храната секогаш се мери во жива мера(прво се мери - свежа, па потоа се готви).

2. Како да ја готвам храната во програмата за исхрана?
За секој оброк добивате инструкции како детално можете да ја готвите вашата храна. Храната може да биде готвена на секој начин при кој не се користи масло при процесот на готвење(варена/печена на скара или тефлонско тафче/динстана на пареа и сл.). Исклучок е кога сте на Кето Диета и/или сте на програм за зголемување мускулна маса и кога во вашиот рецепт е дозволено користење на масло при готвењето.

3. Какви зачини смеам да користам?
Смееш да ги користиш сите зрнести зачини, умерено.

4. Дали смеам да користам преливи?
Од преливи смееш по една супена лажица сенф на ден или исто толку кечап кој не содржи повеќе од 5 грама јаглехидрати во 100 грама производ.

5. Каков пијалок смеам да конзумирам?
Смееш да ги конзумираш сите пијалоци кои не содржат значителен број на калории. Како на пример вода, кафе, чај, степ, газирани пијалоци без калории(Coca Cola Zero, Schweppes Zero, Sprite Zero, Red Bull Zero и сл.), лимонада и тн.

6. Каков засладувач смеам да користам?
Смееш да ги користиш сите засладувачи кои не содржат калории.

7. Што доколку направам прекршок од диетата?
Доколку направиш прекршок од диетата треба да ме информираш што точно си направил како би можел навремено да реагирам и да ја поправам грешката.

8. Што доколку неможам да дојадам некој оброк?
Доколку неможеш да дојадеш некој оброк не треба да го дојадеш со сила. Пожелно би било да го имаш внесено протеинскиот дел од оброкот во целост, а изворот на јаглехидрати и масти да го оставиш за подоцна, или да го прескокнеш. Доколку дојде во ваква ситуација истата треба да ја евидентираш и пренесеш кога ќе имаме консултација во живо.

9. Што доколку сум гладен?
Доколку си на диета за губење масни наслаги нормално е да осеќаш глад понекогаш. Тоа е така поради дефицитот на калории. Доколку имаш потреба од оброк испиј чаша вода или чај или една шолја кафе како би го супресирал апетитот. Никако не е дозволено јадење на екстра оброк доколку си на програма за губење масни наслаги. Доколку се случи отстапка од твоја страна и изедеш нешто плус, треба да ме информираш што е можно побрзо.

10. Дали смеам да јадам овошје?
Овошјето иако е здраво, не е диетално! Во програма за губење масни наслаги на смееш да користиш овошје бидејќи истото содржи голема количина на прости шеќери кои ќе ни го прекинат процесот на слабеење масни наслаги. Кога ќе бидеме во фаза на одржување килажа или добивање мускулна маса овошјето ќе биде дозволено секој ден, умерено. На програма за слабеење масни наслаги дозволено е да се изеде еден лимон или половина цитрон на ден(до пред тренингот или веднаш после него).

11. Како да се мерам правилно?
Мерките се прават на сабајле, на гладно по станување. Треба да бидеш во долен веш и по можност да имаш извршено голема/мала нужда.

12. На колку време треба да ги ажурирам мерките и сликите на мојот профил?
Мерките треба да ги ажурираш на секои 7 дена, а сликите еднаш во месецот.

13. Колку течности треба да конзумирам?
Мораш добро да се хидрираш! Во текот на еден ден треба да внесеш минимум 2 и пол литра течност.

14. Какви и по колку салати смеам да конзумирам?
Смееш да конзумираш салати со секој оброк. Треба да внимаваш само да не претераш со зеленчук кој содржи многу шеќер како на пример домати, моркови, кромид, црвени пиперки, свежо цвекло и т.н.

15. Што доколку нешто не ми е јасно?
Доколку имаш било каква нејаснотија слободно контактирај ме на чатот на www.naumoski.fit каде или ќе ти биде кратко одговорено или ќе се договориме за термин за консултации во живо на некоја од платформите(Skype, Viber, Whats Up, регуларен аудио повик).

16. За колку време ќе ја добијам програмата?
Профил ќе ти биде креиран веднаш по извршувањето на уплатата. По пополнувањето на потребните податоци од твоја страна, програмата ќе ти биде изработена во наредните 72 часа.

17. Зошто се чека до 3 дена за изготвување на програмата?
Програмите се изготвуваат индивидуално за потребите и желбите на секој клиент посебно лично од Наумоски Бобан без користење на алгоритми или групни шаблони. Високиот процент на успешност кај клиентите и задоволството на клиентите од постигнатите резултати се наш главен приоритет. Индивидуалниот пристап зема многу повеќе време, но тоа е единствениот правилен начин да се помогне на нашите клиенти во остварување на нивните желби и соништа.